Станушината за ова вино доаѓа од насади во селото Бегниште кое е надалеку познато како место од каде доаѓа висококвалитетна Станушина. Лесно и свежо со ароми на свилени бонбони од цреша и расцветани рози, надополнето со ноти на нане. На непце имаме изобилие на вишни, дренки и црвена рибизла, проследени со пријатна и освежувачка киселина и поткрепено со блага горкост.

Берба 2021