Кои сме ние?

Лоцирана во главниот град на Македонија, Скопје, со својот мал капацитет од 100.000 литри на годишно ниво, најсовремена опрема за преработка и зреење на виното и грижливо одбраното сортно грозје од скопското виногорје, нашата винарска визба ви овозможува висок квалитет и уживање во секоја капка вино..

Спојот на традицијата и науката е идеална комбинација која нашите енолози ја претвораат во совршенство. Одлично избалансираните вина, сортните карактеристики, овошните тонови и љубовта која им е дадена го заслужуваат вашето внимание.

КАКО Е ПРОИЗВЕДЕНО?

Секое наше шише во себе не содржи само вино, туку сплотува илјадници, илјадници милувања, промени на расположението и досегање до границите на умот, години на макотрпна работа, одминување на годишните времиња и стрпливо чекање на конечната цел.

КОЈА Е НАШАТА МИСИЈА?

Нашата мисија се заснова на одржување на врската меѓу човекот и природата, а нејзините продукти преточени во нектар на боговите.

ШТО НУДИМЕ?

Дозволете си несекојдневно пријатно искуство!

Дознајте каде и како се раѓа виното за време на винската тура во винарија Картал водена од самите домаќини кои со страст и задоволство ќе ве внесат во тајните на модерното винарство изведено во фамилијарна атмосфера.

Комплетното уживање ве чека во собата за дегустации, уредена во топол традиционален амбиент во која можете да ги пробате вината на Картал “спарени” со соодветна храна и музика.

Резервирај посетаКликни овде