Каберне Совињон со длабоко темна црвена боја и густа вискозност. Привлечен, волшебно-комплексен мирис на компот од вишни и пасирани капини, а моќно засилен со ароми на стопено темно чоколадо, бибер и тутун. Вкусот е силен и чист со полно робусно тело и кремаста текстура следен од совршени, свилено меки и интегрирани танини.
Берба 2016
Зреено 12 месеци во дабови буриња
Лимитирана серија од 1500 шишиња