Темпранило грозјето за ова вино е од лозје кое се наоѓа на 650 метри надморска височина во селото Војница, во велешкото виногорје, каде типот на почвата е црвеница. Се одликува со жива црвена боја. На нос откриваме заводливи ароми на цвеќиња и модри сливи, надополнети со сладок корен и бибер. Елегантно вино со топол, зачински бран, доста овошно на непце каде доминира боровница. Киселината е висока што е нетипично за сортата. Многу добро интегриран даб, земајќи во предвед дека виното е зреено 18 месеци во буриња.
Берба 2019
Зреено 18 месеци во дабови буриња
Лимитирана серија од 1200 шишиња