Моќно вино, со полно тело, но сепак елегантно. Каберне франк грозјето доаѓа од лозје кое се наоѓа на 650 метри надморска височина во селото Војница, во велешкото виногорје, каде типот на почвата е црвеница. Ароми на парфем и зачински ноти на ванила и даб на нос, преминувајќи на непце каде имаме обилие на овошје како диви капини и допадливи нагласени ноти на темно чоколадо кои траат доста долго. Многу добро интегриран даб, земајќи во предвид дека виното е зреено 18 месеци во буриња.

Берба 2019
Зреено 18 месеци во дабови буриња
Лимитирана серија од 600 шишиња