Овој Вранец се одликува со темно црвена боја со виолетови нијанси и висок вискозитет. На нос не дочекува моќен бран на ароми од темноцрвено зрнесто овошје, како капини и боровници, со суптилни ноти на тутун и каранфилче. Експлозија од вкусови на непцето каде се преплетуваат истите оние ароми на зрело темно-црвено зрнесто овошје, џем од капини, сладок корен и сето ова заокружено со нагласена блажина и хармонична киселина кои како да се борат да земат превласт, но кои во исто време го прават ова вино избалансирано. 
 
Берба 2018
Слатко црвено вино
Лимитирана серија од 2500 шишиња