Многу темно црвена, скоро црна мистична боја со повикувачки пурпурни нијанси.. интензивно и богато буке од овошно-зачински мириси на сируп од боровници, мелени црвени рибизли и мармалад од шипки елегантно следени од дискретна ванила и црн бибер со благо пецкање на непцата кои пак го најавуваат полното тело и добрата структура со вклопени зрели танини.
Вранец што инспирира…за посебни моменти!
Берба 2015
Зреено 24 месеци во дабови буриња
Лимитирана серија од 2000 шишиња