Посетете ја Картал винарската визба на првиот пролетен вински фестивал GrandVin 2023

На 8 април во Скопје, во хотелот Мериот ќе бидеме дел од првиот пролетен вински фестивал GrandVin 2023. Посетете не на штандот број 20 и пробајте ги нашите најпродавани пролетни вина Темјаника, Станушина Розе Мила, Шардоне Барел Ферментид, но немој да ги заобиколите и нашите добро познати црвени резерва вина Каберне Франк, Темпраниљо, Шираз, Вранец, Мерло, Каберне Совињон, како и нашето слатко вино Вранец Касна Берба.

Почеток на настанот 12ч до 20ч.

На здравје!

×